Дали би платиле 540 евра за да преноќите во хотел од мраз?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во близина на најсеверниот град во Шведска, Јукасјарвиј, каде што просечните температури се значително пониски од нулата, создадено е уметничко чудо.
Ледениот хотел „Кируна“, кој веќе три децении претставува вистинска атракција, повторно е отворен за посетителите. Хотелот се обновува и се отвора секој декември и прима гости до април.
Содржи вкупно 15 уметнички апартмани во чие создавање учествувале уметници и вајари од целиот свет. Од 126 пријавени, само 31 од нив биле избрани за да придонесат во дизајнирањето и на апартманите и на предметите - маси, столчиња, чаши, различни украси итн. Тука е и барот со чаши од мраз и ледена капела што е популарна меѓу паровите што сакаат да стапат во брак.
Употребениот мраз доаѓа од Турне, река долга 522 километри што претставува граница помеѓу Шведска и Финска. Мразот се извлекува од водата во форма на блокови кон крајот на март или почетокот на април, кога е најдебел. Блоковите мраз се носат во складиште и го таму го чекаат моментот кога треба да бидат употребени.
Преноќувањето во леден
апартман чини 540 евра.