Науката вели дека сѐ што се наоѓа на плажа е добро за нас: водата, песокот, звукот, па дури и боите
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Плажата може да биде исклучително корисна за сите нас, и емотивно и физички. Таа е најдобриот лек кога чувствувате бес, анксиозност и стрес, а освен што ни помага ментално да се чувствуваме подобро, може да ја подобри и состојбата на нашата кожа, може да ни помогне и во согорувањето калории.
Водата
Солената вода е богата со многу минерали кои можат да помогнат во лекување состојби на кожата како псоријаза и егзема, а самата вода може да помогне ако страдате од синузитис и висока температура. Исто така, може да го зголеми ослободувањето на хормоните што ни помагаат да се чувствуваме добро: допамин и серотонин.
Пливањето во морето/океанот е вежба што нуди голем број придобивки за менталното здравје, како резултат на реставративните ефекти што ги има додека сме во контакт со природата.
Ветерот
Ветерот може да помогне во детоксикацијата на телото. Кога сме на плажа, ги исполнуваме белите дробови со негативни јони што ќе го зајакнат нашиот имунолошки систем. Овие негативни јони, исто така, можат да имаат антидепресивно влијание врз нас и можат да ги ублажат симптомите на сезонско афективно нарушување.
Воздухот ве тера да се чувствувате порелаксирано по еден ден на плажа и може да ви помогне да имате подобар сон.
Фото: Pixabay
Песокот
Песокот е природен ексфолијант и може да ја извади мртвата кожа од нозете. Песокот исто така може да го подобри нашето здравје и да го забави стареењето бидејќи ги апсорбираме електроните на земјата при одење. Исто така, самиот чин на ставање на нозете во топлиот песок предизвикува луѓето да се релаксираат.
Освен тоа, пешачењето ви помага да останете фит затоа што е потребен поголем напор да шетате по песокта отколку на цврста земја.
Звуците
Звукот на океанските бранови носи чувство на мир и рамнотежа. Ја подобрува силата и му помага на мозокот да заздрави и ни помага да постигнеме медитативна состојба.
Нашиот
мозок позитивно реагира на водата, вклучувајќи го и неговиот звук. Има капацитет да го зголеми нашето знаење и увид, како и да го лекува она што сметаме дека е скршено.
Бојата
Истражување открива дека луѓето што живеат со поглед кон океанот се под помал стрес. Според ова истражување, постои врска помеѓу здравјето и сината боја на водата и небото. Во принцип, сината боја ги тера луѓето да се чувствуваат посмирено и опуштено. Плажата е совршена за луѓе што бараат спокојство и тишина.