Најдобрата анимација на Млечниот Пат од вселенскиот телескоп „Гаја“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ова е анимација базирана на податоците од вселенскиот телескоп „Гаја“ на Европската вселенска агенција.
„Гаја“ го промени нашиот впечаток за Млечниот Пат, ни покажа дека има повеќе од два спирални краци.
Ниту едно вселенско летало не може да патува подалеку од нашата галаксија, но „Гаја“ ни го дава досега најдобриот увид за нејзиниот изглед. По собирањето на сите набљудувања на „Гаја“ во изминатата деценија, ќе биде достапен уште подобар поглед на Млечниот Пат.
Извор:
Esa.int
Фото:
Esa.int