Втора година по ред Финците се именувани за најсреќни во светот.
Нордиската земја се најде на првото место на рангирањето на светската среќа во годишното истражување спроведено од мрежата за одржлив развој на ОН во соработка со фондацијата „Ернесто Или“. Истражувањето евалуирало и рангирало 156 земји врз основа на тоа колку среќни се сметаат тие, според евалуацијата на сопствените животи.
Еве што ја прави Финска најсреќна земја во светот.
Истражувањето користело маркери за квалитет на животот како придонеси, слобода, доверба, животен век, социјална поддршка и дарежливост за да ја процени севкупната среќа на една земја.
Со еден од најимпресивните образовни системи, баланс меѓу животот и работата, симбиотичка врска со природата и многу повеќе, Финска едноставно не може да биде победена.
- Вистина е дека минатата година сите Финци беа посреќни од жителите на другите земји, но и нивните имигранти беа исто така најсреќни имигранти во светот. Не станува збор за финската ДНК, туку за начинот на живот во оваа земја - изјави Џон Хеливел, коавтор на извештајот.
Финскиот образовен систем е нашироко признаен како еден од најдобрите во светот.
Според Центарот за меѓународно образование „Бенчмаркинг“, кое ја анализира ефективноста меѓу образовните системи во светот, клучот на финскиот успех на ова поле е комбинацијата на интензивен фокус на квалитетот на наставниците и пристапот до наставната програма, инструкциите и училишниот менаџмент.
Главниот град на Финска е културен и академски центар.
Хелсинки/Фото: Shutterstock
Лоциран на полуостровот во Финскиот Залив, плоштадот на Хелсинки е популарно место за купување сувенири од рачна изработка.
Голем дел од архитектурата во Хелсинки е неверојатна.
Со екстериерот на црвени тули, сините покриви и златните куполи, катедралата Успенски во Хелсинки е најголемата православна црква во Западна Европа. Оваа прекрасна зграда е впечатлив потсетник за историското руско влијание во Хелсинки и во Финска воопшто.
Катедралата Успенски/Фото: iStock
Финците често приредуваат екстравагантни забави на крајот од летото и почетокот на есента. Овие забави се одличен начин да поминете летен ден во Финска.
Првично шведски обичај, крафтскива им помагаат на Финците да ги искористат своите кратки лета.
Земјата може да се пофали со одлична рамнотежа меѓу работниот и приватниот живот во цела Европа, според истражувањето спроведено од британската компанија „Тотали Мани“, специјализирана за кредитоспособност.
Еден од 40. национални паркови - националниот парк Нуксио може да се пофали со прекрасни природни пејзажи што изобилуваат со езера, шуми и карпесто земјиште.
Националниот парк Нуксио/Фото: iStock
Финците се ентузијасти за престојување на отворено, а нивната активна природа може делумно да го објасни нивниот долг животен век и здравиот начин на живот. Финците често пешачат, возат велосипед, пловат со кајак и скијаат, така што тие се активни на отворено преку цела година.
Фото: Shutterstock
И покрај тоа што поларната позиција на земјата значи ниски температури и кратки зимски денови, Финците влечат голем број придобивки од северната локација на нивната земја. Финска е и една од најпознатите дестинации за набљудување на поларната светлина.
Поларната светлина во Финска/Фото: Shutterstock
Постои снежен замок целосно изграден од снег и мраз во градот Кеми, во најсеверниот регион на Финска, Лапонија. Постојат и хотелски соби во кои можете да престојувате, а кои се целосно изградени од снег и мраз. Финска е најблиското нешто до Северниот Пол, така што Финците имаат село во Лапонија што е целосно посветено на Дедо Мраз.
Снежниот замок во Кеми/Фото:Wikimedia Commons
Лоцирано во арктичкиот круг, селото на Дедо Мраз е целогодишен дом на свети Никола. Посетителите можат да ги посетат Дедо Мраз и неговите џуџиња додека ја истражуваат Божиќната изложба, а можат да се возат на санки што ги влечат вистински ирваси.
Селото на Дедо Мраз/Фото: Shutterstock
Лапонија е позната по ирвасите. Има приближно ист број ирваси колку и луѓе.
Фото: Shutterstock
Пливањето на мраз вклучува влегување во студена вода во текот на зимата и е честа активност на локалните жители. Освен тоа, жителите обожаваат сауни, што можеби го објаснува нивниот позитивен дух и здрав живот. Според веб-страницата „Посети ја Финска“, многу Финци мислат дека посетителите не можат целосно да ја сфатат Финска или нејзината култура без да влезат во сауна. Во прилог на смирувачките ефекти на сауната, истражувачите идентификувале некои потенцијални здравствени придобивки што произлегуваат од оваа практика. Медицинската школа на Универзитетот „Харвард“ вели дека лицата со астма имале малку отежнато дишење, додека луѓето со псоријаза почувствувале олеснување од чешањето во текот на престојот во сауна.
Фото: Shutterstock
Додека се капат, Финците често се удираат со васта, свежи гранчиња од бреза за да ја измазнат кожата. Понекогаш тие и печат колбаси на шпоретот од сауната.
По долготрајните мрачни и студени зими, Финците почнуваат да уживаат во нивните летни денови. Верувале или не, оваа фотографија била направена на полноќ во еден од најпознатите долги летни денови во Финска. Повеќе од два месеца во годината жителите на северните региони на земјата 24 часа се на сончева светлина.
Фотографија направена на полноќ/Фото: Shutterstock
Финска изобилува со прекрасни светилници како овој светилник наречен Бенгскар. Бенгскар е највисокиот светилник во нордиските земји и се наоѓа на западниот брег на Финска. До него може да се стигне со брод, во текот на летните месеци.
Светилникот Бенгскар/Фото: Shutterstock
Со оглед на тоа што повеќе од 70 отсто од територијата на Финска се покриени со шуми, локалното население живеело во дрвени домови. Иако земјата значително се модернизира, жителите на некои од старите стилски дрвени села, како Старо Порво, кое се наоѓа североисточно од Хелсинки, сè уште живеат во вакви домови.
Старо Порво/Фото: Shutterstock
Со сето она што земјата има да го понуди, не е чудно што нејзините жители се сметаат за најсреќни и највеликодушни на планетата. Финците се толку великодушни, што на странците сакаат да им ја откријат нивната тајна за среќен живот. Ова лето можете да го поминете во Финска и да ги научите тајните на Финците преку програмата на
Финска, „Изнајми Финец“.