Влегувањето во Словенија зависи од тоа каква вакцина сте примиле
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Словенија донесе одлука со која поинаку се третира влезот во земјата, во зависност од видот на вакцината што ја примил патникот.
Дино Козлевац, шеф на Главниот штаб за цивилна заштита на жупанијата Истра, објаснува дека оној што ја примил вакцината на „Модерна“ може да влезе во Словенија 14 дена по вакцинацијата.
Оној што ја примил вакцината на „Астра зенека“ може да влезе 21 ден по првата вакцинација, а со вакцината на „Фајзер“ седум дена по втората вакцинација.
- Секој што прележал Ковид-19, со медицинска потврда која важи шест месеци може да влезе и во Словенија и во Хрватска. Оние што прележале и биле вакцинирани не треба да имаат негативен тест - изјави Козлевац.
Словенија од петокот ги заостри мерките на границите: дневните мигранти, односно учениците постари од 13 години и оние што работат во словенечки компании мора да имаат негативен тест не постар од седум дена. По истекот на тој период тестот мора да се повтори.
Негативен тест мора да имаат и оние што ги превезуваат студентите и учениците и оние што ги користат здравствените услуги во Словенија, а тестовите ќе мора да ги платат од сопствени џеб. Сите други што патуваат во Словенија од оправдана причина мора да направат ПЦР-тест.
Од друга страна, луѓето во транзит не мора да имаат тест или какво било уверение при влез во Словенија.
- Треба да се види каде патуваат тие патници, дали во Италија, Австрија или друга земја. На граница ве прашуваат каде одите и ве пуштаат, но ако ве затекнат дека сте останале во
Словенија, ќе платите казна. Значи, мора да ја напуштите Словенија по најкраткиот пат - објаснува Козлевац.
Извор:
B92.net
Фото: Freepik