Ракетата на „Спејс Екс“ успешно лансирана
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“, носејќи
двајца американски астронаути до меѓународната вселенска станица. По лансирањето, ракетата ќе стигне до меѓународната вселенска станица за 19 часа. Целиот настан се пренесува во живо од страна на НАСА.
Претходно, се случила експлозија за време на пробно лансирање на прототип на ракетата од местото Бока Чика во Тексас. Немало повредени поради експлозијата и таа не влијаела на лансирањето на ракетата „Фалкон 9“, што беше одложено порано неделава поради лошите временски услови.
„Спејс Екс“, компанијата основана од Илон Маск, соработуваше со НАСА за оваа историска мисија која е првата во која американски астронаути полетуваат од САД од 2011.
Автор: Ема Гинис
Извор:
vt.co