За 110.000 евра: Инфлуенсер ја продал својата историја на пребарување на интернет

За 110.000 евра: Инфлуенсер ја продал својата историја на пребарување на интернет

Подготвил: Драгана Петрушевска

Рафаел Ногарт, познат по каналот на „Јутјуб“ со името „Реј фокс“ во Германија, докажува дека податоците се вредни во денешниот свет. Тој го сторил тоа со продавање на својата историја на пребарување на интернет на „Ибеј“.



Над 11.000 лица ја прегледале веб-страницата на „производот“ кој бил ставен на продажба на „Ибеј“, а над 70 лица дале понуда во аукцијата за историјата на пребарување. Највисоката понуда ја надминала сумата од 110.000 евра.

Целта на продажбата, всушност, била да се покаже колку се нарушува приватноста на корисниците на интернетот. Планирано било највисоката понуда да биде на пребарувачот „Стартпејџ“, со кој соработува Ногарт.


Извор: Luxury Launches