Зигмунд Фројд: Пред да си дијагностицирате депресија, осигурајте се дека не сте опкружени со идиоти
Подготвил:
Билјана Арсовска
Зигмунд Фројд е еден од најконтроверзните научници на 20 век кого студентите по психологија од целиот свет од милост го нарекуват дедо Фројд.
Додека бил жив, некои сметале дека е шарлатан, други дека е гениј. Коко Шанел го нарекла првиот маж феминист, а две откритија го овековечија: разоткривањето на мистериите на човековиот сон и „наоѓањето“ на клучот за потсвеста.
Еве десет негови интересни цитати кои дефинитивно ќе ве поттикнат да размислувате, но и ќе ви бидат забавни.
1. Величината на вашиот идентитет се одредува со величината на проблемите кои можат да ве извадат од такт.
2. Пред да си дијагностицирате депресија и ниска самодоверба, осигурајте се дека не сте опкружени со идиоти.
3. Никогаш не сме толку ранливи како кога сакаме и никогаш не сме толку безнадежно несреќни како кога ја губиме љубовта.
4. Луѓето се поморални отколку што мислат и многу понеморални отколку што можат да замислат.
5. Секој нормален човек, всушност, е само делумно нормален.
6. Ако на некој човек сте му простиле се значи сте завршиле со него, засекогаш.
7. Кога ме критикуваат знам да се бранам, но против фалбите сум беспомошен.
8. Повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката, отколку да ја сретнеме
радоста.
9. Во моментот кога човекот ќе почне да се сомнева во својот живот и својата вредност, тој станува болен.
10. Големо прашање на кое никогаш не е одговорено и на кое ни јас не бев способен да одговорам, покрај 30-годишнто истражување на женската душа, гласи: ШТО САКА ЖЕНАТА?