Како би изгледала Земјата гледана од Месечината?

Како би изгледала Земјата гледана од Месечината?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Набљудувањето на Месечината преку телескоп, фотографирање или едноставно лежење и гледање во ноќното небо е величествена перспективна на сите луѓе кои живеат на Земјата. Иако имаме огромна желба да ја гледаме Земјата од гледна точка на Месечината, реалноста е дека комерцијалните патувања до Месечината ни претстојат допрва. Сепак, може да ги задоволиме нашите желби благодарение на иновативниот ум на планетарниот научник Џејмс O'Донахју.

Џејмс, кој претходно работел како соработник на НАСА во центарот за вселенски летови „Годард“, во Мериленд, САД, моментално работи за јапонската вселенска агенција. Еден од неговите неодамнешни проекти составува збирка од фотографии од лунарната топографија, преку податоците на НАСА, создавајќи компјутерски приказ за тоа како би изгледала земјата од гледна точка на Месечината. Видеото прикажува две перспективи - онаа на Земјата и онаа на Месечината, како што тие транзитираат во текот на месец април 2020 година. Секоја рамка на видеото е компликација од 15 минути. Видеото е еден вид на тајм-лепс поглед на Земјата и Месечината, кои постојано се „бањаат“ во сончевата светлина и темнина.

Работата на О'Донахју е прва од овој вид, во смисла на користење на визуелизација и перспективи на нашата планета и Месечина на овој начин. Неговата цел била да ѝ покаже на пошироката јавност за различните фази на Месечината, вклучувајќи ги нејзините обрасци на вртење околу Земјата. Тој се надева дека неговото видео ќе ги истакне различните големини и агли на Месечината за време на нејзината ротација, нудејќи им на гледачите уникатна перспектива.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube