Прв поглед во кабината на вселенскиот авион на „Вирџин Галактик“
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Додека се подготвува за да ги започне приватните
вселенски патувања, компанијата „Вирџин Галактик“ го откри финалниот дизајн на внатрешната кабина на својот вселенски авион „ВСС Јунити“. Дизајнот бил претставен за време на виртуелен настан на кој новинарите добиле специјална тура од внатрешноста на леталото.
Во авионот ќе може да летаат најмногу шест патници кои ќе бидат однесени надвор од орбитата на Земјата, каде што ќе уживаат во погледот кон планетата во нулта гравитација. Седиштата во авионот се направени од јаглеродни влакна и алуминиум и нудат заштита и удобност. Секое седиште ќе се приспособува за патникот.
Насекаде во кабината, компанијата користела меки материјали, а во неа има и 17 прозорци покрај оние три за членовите на екипажот. Во прозорците во кабината има интегрирани камери. Всушност, насекаде низ кабината има камери кои прават фотографии со добар квалитет. Дел од фотографиите ќе им бидат обезбедени на патниците веднаш по слетувањето назад на Земјата за да може да се споделат на социјалните мрежи.
Прозорци има до секое седиште, но и над него. Со секое седиште доаѓа и дисплеј на кој се обезбедени информации за летувањето. Пилотот и копилотот не се одвоени од останатите патници, па приватните астронаути ќе може да им поставуваат прашања за време на летањето.
Се очекува едно патување со овој авион да чини стотици илјадници долари.
Автор: Дерел Етерингтон
Извор:
techcrunch.com