„Трип адвајсор“ ги избра најубавите плажи во светот за 2020 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Овогодишниот натпревар „Избор на патниците“ организиран од
„Трип адвајсор“ ги круниса најубавите плажи во светот.
Натпреварот на „Трип адвајсор“, опфаќа сè, од ресторани и хотели до искуства за патувања и плажи, со категории поделени во региони, земји и видови на хотели.
Наградите се пресметуваат врз основа на рецензии и мислења собрани во 2019 година од патници од целиот свет. Наградите го земаат предвид квалитетот и квантитетот на рецензии и оценки на патниците, специфични за секоја категорија.
Ова се најубавите плажи за 2020 година:
1. Баја до санчо, Фернандо де Норона, Бразил
2. Грејс беј, на Островите Туркс и Кајкос
3. Плаја Параисо, Кајо Ларго, Куба
4. Спиаџиа деи Конигли, Сицилија
5. Праињас до Понтал до Аталаја, Бразил
6. Севен Мајл, Кајмански Острови
7. Игл, Аруба
8. Фламенко, Кулебра, Порторико
9. Варадеро, Куба
10. Клефтико, Милос, Грција
11. Сиеста, Сиеста Ки, Флорида
12. Раданагар, остров Хавелок, острови Анадамани и Никобари
13. Лускентир, Остров Харис, Луис и Харис, Надворешни Хебриди
14. Плаја де Сес Илетес, Форментера, Балеарски Острови
15. Ла Конча, Сан Себастијан, Шпанија
16. Сент Пит Бич, Флорида
17. Плаја Норте, Исла Мухерес
18. Махо беј бич, Заливот Круз, Сент Џон
19. Баваро, Пунта Кана, Доминиканска Република
20. Волакомбе, Девон, Велика Британија
21. Елафониси, Елафониси, Грција
22. Вајтхевен, острови Вајтсандеј
23. Кала Мариолу, Баунеј, Италија
24. Балог Лагун, Кисамос, Грција
25. Блек сенд бич, Вик, Исланд
Фото: Instagram