Кои се најсиромашните земји во Европа?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Според релевантните податоци, нашата земја е меѓу неколкуте што се наоѓаат на европското дно.
Ова го потврдија и податоците на Еуростат од јуни 2018 година, кои се однесуваат на минатата година. Според нивните статистики, најсиромашната нација во Европа се жителите на Албанија, чија куповна моќ е 29 отсто од европскиот просек.
Што се однесува до Македонија, таа заедно со Србија се трети најсиромашни земји во Европа, а куповната моќа на населението на двете земји изнесува 37 отсто од европскиот просек во 2017 година. На претпоследно место се наоѓа Босна и Херцеговина, а куповната моќ на жителите на оваа земја изнесува 32 отсто од европскиот просек.
Не помина добро ниту Хрватска, која е втората најсиромашна држава во Европската унија. Зад неа е Бугарија.
Најбогатата земја од поранешна Југославија е Словенија, чии жители имаат куповна моќ од 85 отсто од европскиот просек, додека Црногорците имаат 46 отсто куповна моќ од просекот на ЕУ.
Споредувајќи ги регионите, земјите на поранешна Југославија се наоѓаат на дното кога станува збор за куповната моќ на жителите, со исклучок на Словенија.
Убедливо најбогати се жителите на Луксембург, чија куповна моќ изнесува 253 отсто од европскиот просек. Под нив се наоѓаат Ирците со 184 отсто, а потоа следуваат Швајцарците со 158 отсто, Норвежаните со 150 отсто, кога станува збор за Европа.
Вака објавените податоци се сметаат за најрелевантни за оценка на
животниот стандард, бидејќи се зема во предвид БДП по глава на жител со тековните цени.