Сега можете да откриете колку време поминувате на „Јутјуб“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Новата алатка на „Јутјуб“, која до крајот на оваа недела треба да стане глобално достапна, е прилично едноставна.
Се состои од збир на статистички податоци за тоа колку време сте поминале гледајќи видеозаписи на овој интернет-сервис (вклучувајќи ги и „Јутјуб мјузик“ и „Јутјуб ТВ“), неколку дополнителни поставки за утврдување на тоа кои известувања ќе ги добивате од видеоуслугите на „Гугл“ и колку често, како и можноста за поставување ограничување на гледањето.
Фото: Google
Статистичките податоци се поделени на гледање во текот на денешниот и вчерашниот ден, изминатата недела и неделниот просек. Се темелат на она што може да се најде во вашата историја на прегледување видеа. Ако ја избришете или не ни ја вклучите, податоците нема да бидат прецизни.
Не е јасно дали се бројат и видеозаписите прегледани додека не сте биле поврзани на интернет, а ако имате повеќе канали на „Јутјуб“ под ист кориснички профил на „Гугл“, ќе бидат достапни податоци само за гледање што сте ги направиле додека сте биле логирани во вашиот главен кориснички профил.
За да дојдете до статистичките податоци на мобилен, доволно е да го отворите „Јутјуб“ и потоа да одите на горниот десен агол за да го отворите изборникот со поставки. Во него пронајдете ја опцијата „Time watched“.
Што се однесува до компјутерите, се чини дека од „
Гугл“ немаат надградено алатки за „Јутјуб“ за поддршка на оваа нова функција.