Детаљ на фотографија со птица покажува што ѝ прави човекот на природата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Фотографија на која лета речен орел направена од жител на заливот Херви, во јужниот дел на Квинсленд, покажува застрашувачки детаљ што предизвика длабока загриженост за благосостојбата на
животните.
Зад птицата што лета се наоѓа долг конец за риболов, кој, според сведокот, бил собран откако птицата фатила риба што била заплеткана во конецот.
- Рибата се ослободила од конецот и куката, при што орелот се заплеткал во нив - пишува фотографката-аматер Барбара Елиот, која ја направила фотографијата.
- Ова навистина ме вознемирува. Младенчињата, иако можат да летаат, сѐ уште зависат за храна и долго време се слушаа како испуштаа звуци, веројатно затоа што беа гладни - напиша таа, објаснувајќи дека птицата е една од двете што во текот на годините родиле младенчиња.
Фото: Barbara Elliot Photography
Сега, птицата е фатена и за неа се грижи персоналот од зоолошка градина.
- Навистина ми е мило што персоналот успеа да ја фати и да се грижи за неа. Се надевам дека ќе биде во ред и дека ќе биде вратена што е можно поскоро - напиша Барбара.
Непромислените практики на риболов беа критикувани од корисниците на социјалните мрежи во коментари под нејзиниот пост.
Извор:
Yahoo News
Фото: Barbara Elliot Photography