Познат научник тврди дека Бог постои
Подготвил:
Марта Димитров
Мичио Каку е теоретски физичар и еден од најпочитуваните научници на денешнината. Тој тврди дека нашол доказ за активноста на силата „
што владее со сé.“
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија на струна поради која и е многу почитуван меѓу научниците.
Физичарот всушност го става во употреба она што тој го нарекува „примитивни тачиони со полу-радиус“. Тачиони се теоретски честички што се способни да ја „одлепат“ материјата на универзумот или на вакуумот меѓу честичките на материјата, оставајќи сé ослободено од влијанијата на околниот универзум. По направените експерименти Каку дошол до заклучок дека живееме во матрица.
„Дојдов до заклучок дека ние сме во свет направен од правила креирани од интелигенцијата. Верувајте, се што нарекуваме дека е случајно денес, нема да има смисла повеќе во иднина. Мене ми е јасно дека ние не постоиме случајно туку во план што е владеан од правила креирани и обликувани од универзална интелигенција.“