Честото заборавање - знак на висока интелигенција

Честото заборавање - знак на висока интелигенција

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Честото заборавање обично се поврзува со недостигот на интелигенција, но ново истражување спроведено на Универзитетот во Торонто покажува дека добрата меморија е преценета и дека честото заборавање, всушност, може да биде добро за интелигенцијата.

Професорот Блејк Ричленд, еден од авторите на истражувањето, објаснува дека за мозокот е важно да заборава небитни детали и да се фокусира на работите што ќе му помогнат да носи добри одлуки во животот. Оние детали од животот што не се важни, а ги помните, ве спречуваат да донесувате добри одлуки, вели Ричленд.

Истражувачите велат дека меморијата се користи за оптимизирање на донесувањето одлуки со тоа што се задржуваат вредните информации, а се забораваат неважните детали. Тие велат дека заборавањето на неважните детали впрочем повеќе е благодат отколку пречка. Како што објаснуваат истражувачите, доколку мозокот заборава специфични детали за настан од минатото, но се сеќава на поголемата слика, тоа му овозможува подобро да ги генерализира претходните искуства во споредба со некој што го помни секој детаљ од настанот.


Фото: Pixabay

Сепак, тие предупредуваат дека премногу честото заборавање може да биде причина за загриженост. Според истражувањето, заборавањето детали одвреме-навреме е знак на здрав систем на помнење кој функционира токму онака како што треба. Истражувачите појаснуваат дека видот на информација што се отфрла зависи од ситуацијата.

Тие дополнително советуваат дека најдобар начин за складирање спомени е да не се помни апсолутно сè. Доколку сакате да донесете одлука, ќе биде невозможно да го сторите тоа ако вашиот мозок постојано е бомбардиран од бескорисни информации. Ги идеализираме луѓето што се одлични во игри за помнење, но главната цел на меморијата не е да се помнат работи што нема да направат никаква промена во нашиот живот.

Автор: Џек Веб
Извор: indy100.com