Предлог-закон: Административците во петок да работат само 4 часа
Новиот предлог-закон за административните службеници предвидува вработените во администрацијата секој петок да работат со скратено работно време. Во предлогот се наведува: „Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено“. Ова е членот 55 од предлог-законот за административните службеници, кој е објавен на
ЕНЕР.
Овој предлог-законот е изготвен од страна на Министерството за информатичко општество и администрација и е отворен за анализи, дебати и сугестии уште шест дена.
Во предлог-законот стои и дека за неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно законот.