Погледнете го унифицираниот буквар од кој ќе учат и Албанчињата во Македонија
Министерството за образование и наука на Македонија неодамна даде согласност за користење на Букварот на албански јазик, кој месецов беше презентиран како заеднички буквар на Албанија и Косово.
Со оглед на тоа дека книгата не може да се најде на страниците на македонските органи надлежни за образованието, Факултети.мк го најде и го разгледа.
Букварот ги има вообичаените нешта што може да се најдат во една таква книга, односно лекции за сите букви од албанската азбука, а потоа и лекции за читање и обработка.
Букварот е изработен за заедничка употреба во Албанија и Косово и таму веќе е во употреба.
ТУКА можете да го разгледате.