Почина актерот Данчо Чеврески

Почина актерот Данчо Чеврески

Во 69-тата година од животот, во Скопје, почина актерот и продуцент Данчо Чеврески, поранешен декан на Факултетот за драмски уметности. Ќе остане запаметен по улогите на Стефан во „Најдолгиот пат“, Динко во „Курирот на Гоце“, Матеј Бојановски во „Хај фај“, Бранко во „Трст виа Скопје“, Кенеди во „Џипси меџик“ и многу други.

Чеврески е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Дипломирал на ФДУ на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес. Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања во филмот и на ТВ.


Извор / Youtube, „Патот до успехот“