Илон Маск отвора студио за видеоигри?

Илон Маск отвора студио за видеоигри?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Илон Маск, моментално најбогатиот човек на светот, но и страстен гејмер, сака повторно да ги направи видеоигрите популарни.

Имено, незадоволен од фактот дека премногу студија за видеоигри се во сопственост на огромни корпорации, Маск во неодамнешната објава на „X“ објавил дека планира да отвори свое студио за видеоигри. И тоа не какво било студио за видеоигри, туку такво каде што игрите ќе ги прави вештачка интелигенција.

Споменатото студио би требало да биде лансирано како дел од „хАИ“, компанија основана од Маск во 2023 година со цел да се разбере природата на универзумот, а што ќе произлезе од ова, останува да се види.

Извор: bug.hr

Фото: Wikipedia