Белите дробови имаат „волшебна“ способност за поправање на штетата предизвикана од цигарите

Белите дробови имаат „волшебна“ способност за поправање на штетата предизвикана од цигарите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Вашите бели дробови имаат „волшебна“ способност да поправат дел од штетата предизвикана од пушењето - но само ако престанете.

Мутациите што доведуваат до карцином на белите дробови се сметаат за постојани и продолжуваат дури и по откажувањето.

Но, изненадувачко откритие објавено во списанието „Нејчр“ покажува дека неколкуте клетки што избегнале оштетување може да ги санираат белите дробови. Ефектот бил забележан дури и кај пациенти што пушеле по една кутија во период од 40 години, пред да се откажат.

Илјадниците хемикалии во чадот од цигарите ја оштетуваат и мутираат ДНК во вашите клетки на белите дробови - полека трансформирајќи ги од здрави во канцерогени.

Истражувањето открило дека тоа се случува масивно во белите дробови на пушачот уште пред да има карцином. Огромното мнозинство на клетки земени од дишните патишта на пушачот биле мутирани од цигарите, при што клетките содржат до 10.000 генски измени.

- Може да се сметаат како мали мини временски бомби, чекајќи го следниот удар што ќе ги предизвика да преминат во карцином - вели д-р Кејт Гордс, еден од истражувачите.

Но, мал дел од клетките станале недостижни. Не е јасно точно како тие го избегнуваат генското уништување предизвикано од пушењето, но истражувачите изјавија дека се чини дека тие „постојат во нуклеарен бункер“. Откако некој ќе се откаже од пушењето, токму овие клетки растат и ги заменуваат оштетените клетки во белите дробови.

pusenje
Фото: Pixabay


Кај луѓето што се откажале од цигарите до 40 отсто од нивните клетки изгледале исто како оние на луѓето што никогаш не пушеле.

- Не бевме подготвени за откритието - вели д-р Питер Кемпбел од Институтот „Сангер“.

- Постои популација на клетки која магично ја надополнува мембраната на дишните патишта. Една од извонредните работи беа пациентите што се откажаа, а пушеле над 40 години. Тие имаа регенерација на клетките што беа целосно неоштетени од изложеноста на тутун - додава тој.

Мотивација за откажување

Истражувачите сепак требало да проценат колкав дел од белите дробови биле поправени. Истражувањето се фокусирало на поголемите дишни патишта наместо на мали структури наречени алвеоли, каде што кислородот преминува од воздухот што го вдишуваме во нашите бели дробови.

Постојат околу 47.000 случаи на рак на белите дробови во Велика Британија секоја година. Речиси три четвртини од нив се предизвикани од пушење. Истражувањата веќе покажаа дека луѓето го намалуваат ризикот од карцином на белите дробови од денот кога се откажале.

- Мотивирачка е идејата за луѓето што престануваат да пушат, можат да ги искористат придобивките двапати повеќе - со спречување на поголемо оштетување поврзано со пушењето и со тоа што им даваат на белите дробови можност да балансираат некои од постојните оштетувања со поздрави клетки - изјави д-р Рејчл Орит од организацијата за истражување на ракот во Велика Британија.