Што студирале најбогатите луѓе во светот?

Што студирале најбогатите луѓе во светот?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Не сите се родени богати. Има и многу милионери што сами си го заработиле богатството и многу од нив го започнале патувањето до успехот со многу учење. Па, што би требало да студирате ако сакате да бидете богати?

Луѓето од resume.io истражувале на оваа тема и ги идентификувале најбогатите лица во речиси секоја земја од светот и дознале што учеле тие. Потоа сите тие информации ги ставиле на мапи за да ги инспирираат амбициозните читатели.



Погледнете што учеле милијардерите од соседството и од сите земји во светот.

Европа

Од Европа е издвоен албанскиот милијардер Самир Мане, кој е одличен пример за некој што учел во училиштето на животот. Мане учел геологија, а кај нас е познат по тоа што негова компанија го изгради „Сити мол“, а сега го гради и комплексот на местото каде што порано беше Скопски саем.

Во однос на Македонија, како најбогат е издвоен Јордан Камчев, за кого е наведено дека не е познато каква диплома има.

Не е познато каква диплома има и најбогатиот Косовец Бехѓет Пацоли, додека најбогатиот Србин - Филип Цептер е економист. Иза и Само Логин се најбогатите Словенци и се ИТ-инженери. Во Хрватска најбогата е фамилијата Лукшиќ, а во Босна и Херцеговина - Кенан и Дамир Хастор. Најбогатиот Грк, Филип Ниархос, нема диплома, најбогатиот жител на Црна Гора, Таксин Шинаватра, има диплома по кривично право, а најбогатиот Бугарин, Васил Божков, има повеќе дипломи.

Кога ќе се погледне мапата на Европа, паѓа в очи розовата боја, која ги означува земјите во кои најбогатите луѓе немаат диплома, а тие се Велика Британија, Португалија, Шпанија, Италија, Монако, Романија, Кипар и Грција.



Северна Америка

Секој знае кој е најбогатиот човек во САД - Џеф Безос. Тој студирал електроинженерство и компјутерски науки на „Принстон“. Најбогатиот Канаѓанец е Дејвид Томсон, кој е историчар, а најбогатиот Мексиканец Карлос Слим е инженер.



Во продолжение ви ги претставуваме и мапите на Јужна Америка, Азија, Африка и Океанија.

Јужна Америка



Азија



Африка


Океанија


Фото: Undercover Recruiter