Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
Денеска, по кратко боледување, во Скопје, на 41-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Томиќ порано беше дел од редакцијата на „Канал 5“, кадe што работеше како уредник во информативната редакција.
Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.
Редакцијата на Факултети.мк изразува длабоко сочувство до фамилијата.