Апликацијата за видеоразговор „Зум“ му испраќа податоци од корисниците на „Фејсбук“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Популарната апликација за видеоразговори „Зум“ се соочува со проблеми поврзани со приватноста на корисниците откако беше обвинета за пренесување информации за корисниците на компанијата „Фејсбук“.
„Зум“ доби поголема популарност во последните неколку недели бидејќи луѓето се принудени да останат дома за да го запрат ширењето на коронавирусот. Апликацијата стана популарна меѓу компаниите, училиштата, групите меѓу пријателите, па дури и владата на Велика Британија, овозможувајќи големи групи луѓе виртуелно да се сретнат.
Но, како што користењето на апликацијата расте, така „Зум“ се соочува со сериозни обвинувања поврзани со безбедноста и приватноста на корисниците и разговорите на платформата.
Најновата грижа се појави откако е откриено дека кога еден корисник ќе ја преземе апликацијата на „Иос“ и ќе го отвори телефонот, апликацијата комуницира со „
Фејсбук“. Кога апликацијата ќе се отвори, таа испраќа информации за моделот на уредот на корисникот, од каде се поврзува, од која телефонска мрежа е, како и уникатен код што може да се користи за идентификација на уредот.
Ваквиот пренос на податоци редовно се случува во апликациите, особено оние што користат фејсбук-алатки за девелопери. Но, од девелоперите обично се бара да ги објаснат овие информации, предупредувајќи ги корисниците за тоа во политиката за приватност.
Фото: Screenshot
Политиката за приватност на „Зум“ вели дека може да комуницира со „Фејсбук“ кога корисниците ќе се најават. Но, не го споменува фактот дека информациите му се испраќаат на „Фејсбук“ дури и ако корисникот нема профил на социјалната мрежа.
„Фејсбук“ веќе се соочи со критики минатата година кога излегоа податоци дека хакерите можат да ги шпионираат луѓето што ја користат апликацијата, поради грешка во кодот.
Фондацијата „Електроник Фронтиер“ исто така откри дека „Зум“ вклучува голем број алатки што им овозможуваат на администраторите да го следат начинот на кој ја користат луѓето што работат. Менаџерите можат да видат детали за тоа колку често луѓето ја користат апликацијата и кога, а исто така вклучува и алатка за следење на вниманието што им овозможува на луѓето да видат дали апликацијата е во фокусот на екранот на корисникот.
„Зум“ сè уште нема дадено изјава во врска со политиката и поставките за приватност.