Не читајте книги в кревет
Кое е најдоброто место за читање навечер? Експертите за спиење велат дека не е добра идеја ова да се прави во спалната соба.
Дали некогаш сте биле толку навлезени во некоја интересна книга што поминале часови, а вам ви изгледале како минути? Можеби дури сте се чувствувале како да ви престанал животот кога сте зачекориле во светот на страниците. Оваа „волшебност“ е една од многуте радости на читањето. Сепак, постои едно место од кое можеби не сакате да тргнете на ова ментално патување - а тоа е вашиот кревет.
Зошто читањето в кревет го отежнува спиењето?
Се верува дека со ограничување на бројот на активности што ги правите в кревет ќе си го олесните дремењето кога ќе дојде време за тоа. Станува збор за обука на телото и умот да го поврзат креветот со спиење.
- Не сакате да поминувате многу време будни в кревет бидејќи тоа ќе доведе до негативно условување. Вашиот мозок нема да знае дали треба да бидете будни таму или да спиете таму - објаснува д-р Даниел Рифкин.
Експертот за деноноќен ритам д-р Дејвид Кенавеј се согласува дека повеќето активности треба да се извршуваат надвор од креветот, вклучително и читањето. Тоа не значи дека читањето не може да биде одличен начин да се опуштите и да се подготвите за спиење. Книгите, особено физичките што не се премногу ментално стимулирачки или вознемирувачки, можат да ни помогнат и да ни го одвлечат вниманието од секојдневните стресни фактори.
Но, идеално, вели Рифкин, треба да ги читате надвор од вашата спална соба.
- Обидете се да најдете друго удобно место за читање. Кога се чувствувате уморни и кога очите ви се затвораат, тогаш одете во спалната соба за вашиот мозок потсвесно да го поврзе тоа место со спиењето - советува тој.
Одвојувањето време за одмор секоја вечер ќе му користи на вашиот сон, на вашето ментално здравје и нивото на стрес. Експертите за спиење се согласуваат дека креветите треба да ги резервираме за спиење и ништо друго. Ако често читате в кревет и немате проблеми со спиењето, продолжете.
Извор: 24saata.hr
Фото: Freepik