Пасошот за вакцинација е најбараната фалсификувана стока во Германија
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Државното обвинителство во Минхен соопшти дека пасошот за вакцинација е најбараната фалсификувана стока. До тој фалсификат може да се дојде и преку онлајн-платформи како „Телеграм“.
- Цените на фалсификуваните пасоши за вакцинација со внесени вакцини против ковид-19 се меѓу високи двоцифрени и ниски троцифрени бројки - стои во соопштението.
Постојат и „акции“ за оние што порачуваат повеќе од еден пасош.
Германската полиција посочува дека тие пасоши може лесно да се фалсификуваат бидејќи бланко-пасошите можат да се порачаат легално, а печатот од лекарот лесно се добива.
Германците што ги фалсификуваат пасошите за вакцинација го преземаат потребниот сериски број на вакцината од фотографии на лица што се вакцинирале и се пофалиле на социјалните мрежи.
Извор:
Buka
Фотографија: Pixabay