Живеењето близу вода е поврзано со пониско ниво на стрес

Живеењето близу вода е поврзано со пониско ниво на стрес

Подготвил: Тамара Гроздановски

Луѓето кои имаат среќа во животот и живеат близу плажа, тоа го земаат здраво за готово. Постои нешто во врска со начинот на кој брановите удираат врз карпите и на песокот. Има чудно релаксирачко дејство врз луѓето и им помага да се чувствуваат помалку стресно.

Неодамнешно истражување ефикасно докажа дека дури и ако живеете во досадно место, доколку сте близу до морскиот брег, тоа го подобрува вашето ментално здравје.

Истражувачите од универзитетот Кантербери во Нов Зеланд и истражувачите од државниот универзитет во Мичиген кои го правеле истражувањето, се концентрирале на тоа дали водата или синиот простор имаат влијание врз градовите и дали тие навистина го намалуваат нивото на стрес.

Во истражувањето, водните тела како морињата и океаните биле наречени сини области, парковите и шумите биле наречени зелени површини. Истражувањето било спроведено во Велингтон, град во Нов Зеланд со население од околу половина милион. Исто така, градот е лоциран до Тасманското Море и Тихиот Океан.


Фото: Unsplash

Биле земен предвид сите географски детали за областа што можат да ги видат луѓето. Истражувачите разгледале и истражување спроведено во 2011-2012 година за животот на луѓето кои живеат во Велингтон. Потоа, тие ги споиле истражувањата и географските детали.

Според Амбер Л.Пирсон, член на тимот што го спроведува истражувањето, можноста човек да гледа во сини површини подолг период, всушност е поврзано со подобро ментално здравје. Но, истата логика не функционира ако областа е зелена. Оваа одлика била конзистентна кај луѓе од сите возрасти, пол и класи.

Се разбира, ова не се однесува на сите зелени области. Ако зелената површина не е преработена на било кој начин, може да ги има истите ефекти како сината површина. Пирсон тврди дека ова може да се должи на фактот дека сината површина е сто отсто природна без мешање од човекот.

Од друга страна, зелената површина често е создадена и контролирана од човекот, како што се парковите. Дури и ако има недопрени места како шумите, ефектот е нарушен од околните човечки средини.

Со текот на времето, истражувачите имаат за цел да добијат посеопфатно разбирање на оваа хипотеза така што ќе спроведат исто истражување во други градови и на различни водни тела. Со подобро разбирање на факторите на животната средина, тие имаат намера да го подобрат градското планирање и да гарантираат подобар живот за луѓето низ цел свет.