Зошто пчелите се толку важни и што можеме да направиме за да го спречеме нивното исчезнување?

Зошто пчелите се толку важни и што можеме да направиме за да го спречеме нивното исчезнување?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Светската популација на пчелите е во опасност од истребување. Прекумерната и несоодветна употреба на пестициди во земјоделските култури, одредени паразити што репродуцираат неконтролирано, климатските промени и човечката интервенција се фактори што опасно ја намалија популацијата на пчели на планетата. Научниците дошле до заклучок дека ако продолжи проблемот, тоа би можело да значи и крај на човештвото.

1. Пчелите се грижат за третина од глобалното опрашување


Пчелите се најважниот опрашувач на земјоделските култури. Се проценува дека една третина од храната што ја јадеме секој ден, зависи од опрашувањето, главно од пчелите, но и од другите инсекти, птици и лилјаци. Голем дел од националното или увезеното овошје и зеленчук се опрашуваат од пчелите.

2. Помагаат во опрашување на други култури


Опрашувањето не е важно само за храната што пристигнува на нашата маса, туку е неопходно и за другите култури како кафето и памукот. Пчелите опрашуваат дури и фуражни култури како луцерка и детелина, што се користат за добиточна храна. Работата на пчелите е толку важна затоа што помага во обезбедувањето храна за многу други животни во синџирот на исхрана.

3. Тие се показател за здрав екосистем

Опрашувањето на пчелите ја одржува генетската разновидност на цветните растенија. Тоа значи дека, во екосистем каде се присутни тие, нештата функционираат природно, без потреба од човечка манипулација. Се разбира, ова не е важно само за производството на цвеќиња, овошје и зеленчук, туку и ги зачувува видовите.

4. Тие се економска сила


Британското здружение на пчеларите проценува дека пчелите даваат придонес што е близу 185 милиони американски долари годишно, и тоа само во Велика Британија. Многу цветни култури за комерцијална храна зависат од пчелите. Дури и ако културата не е директно опрашена од нив, индиректно има корист од тоа да се биде во средина каде има биолошка разновидност.

5. Тие се едни од највредните суштества на планетата


Пчелите-работнички се организирани во ригорозно општество и секоја од нив има улога што треба да ја одигра во колонијата.

Пчели за чистење: одговорни за чистење на кошницата;
Медни пчели: произведуваат матичен млеч;
Пчели-градители на: развиваат жлезди што градат саќе
Пчели-чувари: се грижат за заедницата за да не влезат пчели од други кошници или оси.
Пчели за ладење: генерираат проток на воздух за нектарот

6. Тие се одговорни за разубавување на планетата


Без опрашување, нема да има цвеќиња, така што, работата на пчелите се рефлектира во секоја боја, текстура и мирис кај нив. Прекрасните пејзажи во парковите, природата и селата, се можни благодарение на напорното патување на овие инсекти. Секој опрашен цвет станува безбедно и привлечно живеалиште за други инсекти или птици.

7. Тие се едни од најважните инсекти


Институтот „Ертвач“ ја прогласи пчелата како еден од најважните инсекти во светот. Д-р Џорџ Мекгавин смета дека четвртина од милион видови на растенија и цвеќиња зависат од пчелите.

- Светот би бил монотон без нив - вели тој.

Д-р Мекгавин смета дека економската вредност на опрашувањето на пчелите е околу 130 милијарди евра. Ова ги прави важна основа за планетарно земјоделско производство.

- Светот без пчелите би бил незамислив, но сепак, се случува - вели Мекгавин.

8. Медот не е единственото нешто што го произведуваат


Восокот од пчелите е најчистата и наприродната супстанција. Исто така, пчелите прават полен, медовина, прополис и матичен млеч. Секој од овие производи се резултат на макотрпна работа и за нив е потребно многу време.

Како можеме да го спречеме нивното исчезнување?

Со оглед на тоа што се соочуваме со алармантна состојба, Мексиканскиот граѓански совет за одржлива силвикултура (одгледување на шумите), сугерира серија мерки што секој може да ги преземе:

- Засадете природни цвеќиња (лаванда, далија, маргаритки и сончогледи) во вашата градина, паркот, па дури и на балконот.
- Избегнувајте хемиски инсектициди и направете природни (со лук или бибер).
- Не го уништувајте саќето.
- Кога пчелата е во опасност, се дави или заглавена на некоја површина, најдобро би било да ја хидрирате со вода и мед.
- Изградете засолниште без хемиски третмани, со дрво или парчиња трска.
- Поставете фонтана за пиење надвор: можете да направите од калап за торта и вода.
- Вратете го органското земјоделство и консумирајте локални органски производи.