Ова е местото на Земјата со најдобар поглед кон ѕвездите
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Доколку сакате да го имате најдобриот поглед кон ѕвездите, треба да се подготвите за долго патување до најстуденото место на планетата.
Кинески истражувачи во најново истражување објавено во списанието „Нејчр“ велат дека ја откриле најдобрала локација на Земјата за набљудување на ѕвездите. Тоа се наоѓа околу 1.000 километри од источниот раб на Антарктикот. Тука се наоѓа локацијата наречена „Купола А“, каде неодамна биле истражувачите кои работеле на новата студија.
Фото: Freepik
За да се стигне до „Купола А“ прво треба да се стигне до Антарктикот. Кога би стигнале на источниот раб од Антарктикот, хеликоптер би ве пренел од бродот на континентот и тука почнува вистинското патување. Се патува во контејнер кој го влече трактор по мразот. На дестинацијата би стигнале за околу две недели. Таму, сред мразот, би можеле да го поставите телескопот на специјална платформа висока осум метри и да уживате во ѕвездите.
Тоа го направиле истражувачите за време на летото помеѓу 2018 и 2019. Според нив, атмосферските услови се толку добри што небото навечер е како никаде на планетата.
Фото: Freepik
Зошто најстудентото место на Земјата е и најдобро за набљудување на
космосот? Според Мајкл Ешли, астрофизичар, станува збор за атмосферските турбуленции. Трепкањето на ѕвездите е предизвикано од атмосферата на Земјата и тоа не им помага на астрономите кои сакаат да го набљудуваат космосот. На Антарктикот, турбулениците се значително послаби.
Освен тоа, водената пареа може да игра улога бидејќи ја апсорбира светлината, но Антарктикот е многу сув и ова е предност за оние кои сакаат да го набљудуваат космосот.
Фотографиите направени со телескопи на Антарктикот се околу два и пол пати подобри од оние направени од најдобрите опсерватории на Земјата кои се наоѓаат на Чиле или Хаваи. Кина планира да изгради нов голем телескоп на оваа локација.
Извор:
cnet.com