Португалски научници создале маска што го неутрализира коронавирусот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Португалски научници тврдат дека направиле голем напредок во технологијата која се користи во заштитата од Ковид-19. Тие дизајнирале нова маска за лице со специјална обвивка за која велат дека помага во „неутрализацијата“ на новиот коронавирусот кога доаѓа во допир со материјалот.
Научниците велат дека заштитниот ефект останува дури и по 50 перења на маската. Обвивката на маската може да ги намали честичките заразени со
вирусот за 99% за половина час, вели Педро Симас од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон, еден од виролозите кои работеле на дизајнот на маската.
Ова звучи премногу добро за да биде вистинито, но Симас не смета дека маската нема да биде доволна за да се стави крај на пандемијата. Тој инсистира дека сите маски во комбинација со мерки за физичко дистанцирање може да стават крај на пандемијата. Најновата маска е само уште една алатка која претставува физичка и хемиска граница, вели тој.
Активната состојка на овие маски веќе била успешно тестирана за вирусот Х1Н1 од страна на француски институт и истите немаат штетни состојки и се безбедни за користење. Официјалната веб-страница на која се продаваат маските е
тука.
Извор:
euronews.com