Карактеристики на лицата со висока емоционална интелигенција

Карактеристики на лицата со висока емоционална интелигенција

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Емоционалната интелигенција значи да се биде свесен за сопствените емоции и начинот на кој тие влијаат рз нашето однесување, особено во комуникација со други луѓе. Накратко, луѓето со висока емоционална интелигенција полесно се снаоѓаат во животот. Како да знаете дали имате висока емоционална интелигенција? Тоа го откриваат следните знаци.

Благодарни сте за она што веќе го имате

Кога сте благодарни за она што веќе го имате, а не се фокусирате на она што го немате, способни сте за поставување нови цели во животот и нивно исполнување. Освен тоа, ваквото размислување ви помага и да бидете подобри кон околината.

Разбирате дека никој не е совршен

Лицата со висок коефициент на емоционална интелигенција знаат дека ниту тие ниту кој било друг човек на светот не е совршен. Сите се луѓе со недостатоци и секој може да работи на себе за да стане подобра личност. Ако го знаете тоа, може да ви помогне да ги поправите сопствените недостатоци и да бидете подобар човек со реални очекувања.

Многу сте љубопитни

Секогаш сте во потрага по одговори и нови знаења. Вашата незаситна љубопитност ви овозможува да напредувате, а вашата страст за животот ги привлекува луѓето околу вас.


Фото: Pixabay

Имате развиена самосвест

Свесни сте за сопствените сили и слабости. Тоа знаење ви овозможува целосно да ги искористите вештините за да постигнувате успеси.

Многу сте емпатични

Луѓето со висока емоционална интелигенција се и емпатични, односно се способни да сочувствуваат со другите.

Добро се приспособувате на промените

Не се сметате за „жртва“ на промените, туку ги прифаќате и знаете како да се приспособите. Разбирате дека промените се неизбежни во животот и ги дочекувате со насмевка бидејќи ги гледате како нови можности.

Се грижете за физичкото и менталното здравје

Луѓето со висока емоционална интелигенција се свесни за важноста на доброто здравје, физичкото и менталното. Знаете дека доброто здравје ви овозможува да го постигнете она што го сакате во животот и затоа се грижите за него.

Извор: Lola Magazin