Алек Јармов и Лука Грашкоски – најдобри на Македонската математичка олимпијада
Алек Јармов и Лука Грашкоски освоија златен медал на Македонската математичка олимпијада. На натпреварот, кој се одржа во саботата на Природно-математичкиот факултет во Скопје, учествуваа 20 ученици. Натпреварот го организира Сојузот на математичарите на Македонија. Јармов и Грашкоски ќе бидат и дел од тимот што ќе ја претстави Македонија на Интернационалната математичка олимпијада (ИМО), што ќе се одржи на 21 и 22 септември во Санкт Петербург.
Јармов, кој е четврта година во „Раде Јовчевски-Корчагин“, и Грашкоски, кој е трета година во гимназијата „Нова“, имаа ист број поени – 25. Сребрен медал освоија Благоја Младенов, четврта година од „Јахја Кемал“, и Дамјан Давков, ученик во седмо одделение во „Ванчо Прке“ во Штип, кој беше единствениот основец на натпреварот.
Бронзен медал освоија седум учесници: Кристина Тасева, Јасна Илиева, Блаже Суклевски и Иљир Лимани (Јахја Кемал“), Бојан Димовски („Коле Неделковски“ - Велес), Пеце Георгиев (Јосип Броз Тито“ – Битола) и Бошко Бошков од „Добри Даскалов“ од Кавадарци.
Алек Јармов и Лука Грашкоски