Кинески рудари работат од дома - користат 5Г за машината да крева тешки работи

Кинески рудари работат од дома - користат 5Г за машината да крева тешки работи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Рударите од округот Лаунчуан, провинцијата Хенан во Кина, користат возила и машини на далечинско управување со помош на 5Г за да ја извршуваат тешката работа.

Компанијата „Чајна Молибденум“ применува 5Г-технологија во рудникот Сандаожуанг во централна Кина од лани. Фотографиите го покажуваат технолошкото чудо во индустрија за кое малкумина веруваа дека е можно.

kina

5Г-технологијата им овозможува на работниците да ја контролираат опремата во рудникот со прецизност, благодарение на големата брзина и ниската латентна поврзаност. Ова значи дека работниците во реално време гледаат што прават, додека си ја работат работата.



Извор: Mothership.sg
Фото: Facebook