Последниот „твит“ на профилот на починатиот Чедвик Боузман е „најлајкуван“ досега

Последниот „твит“ на профилот на починатиот Чедвик Боузман е „најлајкуван“ досега

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Објава на „Твитер“ од профилот на Чедвик Боузман посветена на смртта на актерот стана „најлајкувана“ на социјалната мрежа досега.

- Почит што одговара за крал - напишале од социјалната мрежа во саботата во објавата за рекордот.

Објавата имала 6,9 милиони „лајкови“ во неделата. Рекордната објава била објавена во петокот вечерта според американско време. Таа вклучува црно-бела фотографија од актерот познат по улогата во „Црниот пантер“ и изјава од семејството на Боузман во која стои веста за смртта на актерот.



Боузман почина во петокот на 43-годишна возраст од рак на дебелото црево, со кој се борел четири години.

Автор: Лесли Кетс
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Twitter