Астронаутка го доби најуникатниот роденденски подарок - торта испратена со ракета од Земјата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Астронаутка во Меѓународната вселенска станица го прослави 50. роденден со најуникатниот подарок досега - ракета од Земјата ѝ донела сладолед и други подароци.
Последната карго-пратка на „Спејс екс“ стигнала до вселенската станица во понеделникот, а ја пречекала славеничката Меган Мекартур.
- Никој досега не ми пратил ракета за роденденот. Го ценам тоа - изјавила таа по пристигнувањето на пратката.
Во пратката имало лимони, домати, авокадо, сладолед, пица, торта и друго за Мекартур и шесте члена на екипажот.
Извор:
Independent
Фото: Twitter