Совети на постарите: Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а не сте го направиле она за што сте сонувале
Подготвил:
Светлана Петковска
Не секогаш имаме желба да ги слушаме советите на старите луѓе. Но како што поминуваат годините се навраќаме на нивните зборови и нивната мудрост. „Годините поминуваат додека да трепнеме. Немојте многу млади да склучите брак. Живејте го својот живот. Патувајте, без оглед колку пари имате“- се само дел од советите што ги споделуваме со вас дадени од повозрасните луѓе.
„Најважната личност во вашиот живот е личноста која се согласила да го сподели својот живот со вас. Така и однесувајте се со неа“.
„Може да имате долг живот, а може вашиот живот да биде краток, кој знае. Но, во секој случај, верувајте ми кога ви велам дека ќе сакате подобро да сте се грижеле за себе во својата младост“.
„Работите се само нешта. Немојте да бидете опседнати со материјални работи, ценете го времето и искуството“.
„Љубомората ја уништува врската. Верувајте и на својата втора половина, бидејќи на кого друг инаку би верувале?“
„Луѓето секогаш велат: „Погрижете се да добиете работа каде што ќе го работите она што го сакате!" "Но, тоа не е најдобриот совет. Вистинската работа е работа која ја сакаш некои дена, а другите дена ја поднесувате, а и понатаму со неа ги плаќате сметките. Речиси никој нема работа, што ја сака секој ден“.
„Ако некогаш ви е тешко да се справите со животот, само вратете се на сегашниот момент и уживајте на се што е убаво и пријатно. Земете длабок здив и опуштете се“.
„Годините поминуваат додека да трепнеш. Немојте многу млади да склучувате брак. Живејте го својот живот. Патувајте. Истражувајте. Без оглед колку пари имате. Спакувајте ги куферите и одете некаде. Додека никој не зависи од вас, не купувајте никакви предмети, туку видете го светот“.
„Не сфаќајте го животот сериозно. Дури и ако работите ви изгледаат мрачни и безнадежни, обидете се да се насмеете на тоа колку е убав животот“.
„Вистинскиот пријател би дотрчал ако го повикате во 2 часот наутро. Сите други луѓе се само познаници“.
„Децата растат премногу брзо. Искористете го максимално времето кога поминувате заеднички моменти“.
„Никој досега не умрел жалејќи што не работел повеќе. Бидете вредни, но не ја ставајте работата пред семејството, пријателите или себе“.
„Јадете и вежбајте, како да сте дијабетичар или да боледувате од срцето, некој кој имал мозочен удар, за никогаш тоа да не станете“.
„Можеби овој совет не е толку остроумен како и сите други, но е важен. Чистете ги забите со конец, проблемите со забите се ужасни“.
„Не го земајте ничиј совет како наредба. Можете да побарате совет од некој што го почитувате, но потоа разгледајте ја вашата ситуација и донесете ваша одлука. Во суштина мојот совет е да го послушате својот совет“.
„Зглобовите кои денес ве болат, ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и ако мислите дека целосно сте заздравиле. Верувајте ми!“
„Ние имаме само една шанса на оваа земја. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а вие не сте го направиле она за што сте сонувале“.
„Ценете ги малите нешта и бидете присутни во сегашниот момент. Што мислам со тоа? Па, ми се чини дека младите луѓе денес сакаат се веднаш. Наместо тоа, зошто не го цените секој мал миг? Ние нема да останеме вечно на оваа луда/прекрасна планета. И најголемо задоволство може да се најде во најдосадните активности. Наместо да испратите порака, кренете ја слушалката и повикајте некого. Јавете се на мајка ви, зборувајте со неа за ништо особено. Тоа се моменти кои треба да ги цениме“.
„Плаќајте сметки и избегнувајте долгови. Кога би можел сам себе да си ги исплатам сите пари кои сум ги платил за камати во текот на сите овие години, би бил богат човек“.
„Ако сонувате да бидете некој или да работите нешто што вам ви се чини невозможно, сепак пробајте. Со годините и тоа како ќе станете одговорни за другите луѓе“.
„Кога ќе запознаете некого за прв пат, застанете и сфатете дека навистина не знаете ништо во врска со тоа лице. Гледате раса, пол, возраст, облека. Заборавете на сето тоа. Не знаете ништо. Овие претпоставки се засновани на предрасуди кои вам ви се јавуваат во главата, поради тоа што вашиот мозок сака категории, а тие ве ограничуваат и вас и животите на другите луѓе“.