„Црно огледало“ им ја даде контролата на гледачите

„Црно огледало“ им ја даде контролата на гледачите

Подготвил: Билјана Арсовска

Неодамна излезе една епизода од петтата сезона на популарната серија „Црно огледало“ (Black mirror) - наречена „Бандерснеч“. И ова можеби немаше да биде некоја посебно интересна вест да не беше познат фактот дека гледачите ќе можат да одлучуваат како ќе се одвива дејството, односно што ќе се случи следно.

Започнува со избирањето на појадокот на махерот за видеоигри Стефан, а потоа изборите се последични. Дали Стефан ќе работи во компанија за игри, дали ќе ги испие лековите?



Ако одговорот на „Бандерснеч“ е ентузијастичен, „Нетфликс“ тоа ќе го сфати како силен сигнал дека публиката е подготвена за интерактивни филмови и телевизиски шоуа.

Првиот интерактивен експеримент на „Нетфликс“ беше во 2017 година со анимираната детска серија „Puss in Book: Trapped in an epic tale“.