КОНКУРС ЗА УПИС 2012/2013 Универзитетот „Гоце Делчев“ е основан од страна на Собранието на Република Македонија на 27 март 2007 година. Идејата за основање на универзитет со седиште во Штип е стара повеќе од 30 години.
Универзитетот во 2007 година започна со 7 факултети и една висока школа: Факултет за рударство, геологија и политехника, Педагошки факултет, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Правен факултет, Економски факултет, Факултет за музичка уметност и Висока здравствена школа.
Денес, Универзитетот интегрира 13 факултети и една висока школа, воведувајќи преку 20 нови студиски програми на петте нови факултети: Факултет за медицински науки, Технолошко-технички факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.
За прв ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ е избран проф. д-р Саша Митрев.
Универзитетот во Штип е организиран како најголемиот број европски универзитети. Функционира според моделот на интегриран универзитет. Со Универзитетот раководи ректорот. Орган на управување и стручен орган на Универзитетот е Универзитетскиот сенат.
На Универзитетот студираат повеќе од 5.000 студенти и работат повеќе од 400 вработени. Во наредните две–три години се очекува да биде постигната бројка од над десет илјади студенти.
Историјат
Универзитетот „Гоце Делчев“ е основан од страна на Собранието на Република Македонија на 27 март 2007 г. Идејата за основање на универзитет во Штип е стара повеќе од 30 години.
На конститутивната седница одржана на 28.06.2007 г., Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип донесе Одлука за избор на проф. д-р Саша Митрев за ректор на Универзитетот. Универзитетот е лоциран во 11 македонски градови: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Виница, Св. Николе, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Скопје и Берово.
Универзитетот „Гоце Делчев“ започна со 7 факултети и една висока школа, и тоа: Правен факултет, Економски факултет, Педагошки факултет, Факултет за рударство геологија и политехника, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Факултет за музичка уметност и Висока здравствена школа.
Од студиската година 2008/09 г., во состав на Универзитетот се и 6 (шест) нови факултети: Факултет за медицински науки, Филолошки факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошки факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.
Во првата студиска година на Универзитетот се запишаа 1300 студенти. Универзитет е формиран во град кој има долга и богата просветителска традиција.
Училиштата на Јосиф Ковачев (роден во Штип на 14 јануари 1839 г. ) во Штип подготвувале ученици кои по завршувањето станувале учители или богослови т.е. свештеници. Тоа се првите училишта од таков вид во Македонија и претставувале највисоки специјализирани образовни институции.
Културно-просветните дејци и добротвори - браќата Костенцеви, Арсени и Хаџи Михаил, биле едни од првите книжари во Македонија. Првата школска педагогија е напишана во овој град. Штип е градот во кој е изведена првата опера во Македонија. И не случајно, денес Штип е универзитетски град.
Локација на универзитетот
Address | Скопје | | | | | | +389
+389 | | p |
Социјална мрежа