Градежен факултет

Градежниот факултет е јавна високообразовна институција која врши образовна, научно-истражувачка работа, применета и издавачка дејност од областа на градежништвото, геотехниката и геодезијата.

Основната мисија на Градежниот факултет е едукација, стручно оспособување, но и подигнување на целокупното функционирање на нашето општество во насока на приближување кон идеалите што пред себе ги поставија земјите од Европа.

Градежен факултет организира настава по следните студии:

ГРАДЕЖНИШТВО
Конструктивна насока
Насока по Хидротехника
Насока по патишта и железници
 
ГЕОДЕЗИЈА
Насока по геодезија

ГЕОТЕХНИКА
Насока по геотехника

 

Развивајќи широка активност на сите полиња од својата дејност − наставната, научноистражувачката и апликативната − Факултетот образува квалитетни високостручни и научни кадри, кои лесно се вклопуваа во практичната работа на градежната оператива, во проектантските организации, во заводите, во институтите… 

УПИСИ 2012/2013

Kандидатите кои ќе сакаат да се запишат на Градежниот факултет во Скопје ќе се бодираат согласно постигнатиот успех од следните предмети:

За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот мајчин јазик.

Студии по градежништво (модел 4+1), студии по геотeхника (модел 3+2) и студии по геодезија (модел 3+2):

ДРЖАВНА МАТУРА
1) За кандидатите со гимназиско средно образование:
екстерен испит
- математика (основно ниво) или странски јазик
интерни испити
- еден предмет од областа на природните науки, по избор на кандидатот
- еден општообразовен предмет, по избор на кандидатот

2) За кандидатите со средно стручно образование:
екстерен испит
- математика (основно ниво) или странски јазик
интерни испити
- еден стручен предмет според образовниот профил на кандидатот
- еден стручен или општообразовен предмет, по избор на кандидатот

ЗАВРШЕНО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕД ВОВЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА МАТУРА

1) За кандидатите со гимназиско средно образование:
- математика
- еден општообразовен предмет, по избор на кандидатот

2) За кандидатите со средно стручно образование:
- математика
- еден стручен или општообразовен предмет, по избор на кандидатот

За кандидатите со несоодветно средно образование предвидено е полагање на приемен испит по предмети утврдени од Комисијата за настава.
Превземи ги потребните документи:

Конкурс за упис на прв циклус студии при УКИМ во учебната 2012/2013

Интерен конкурс, документи за пријавување и упис на студенти во прв циклус