Прaвниот фaкултет во Скопје е член нa Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"-Скопје, најголемиот и најстариот Универзитет во Република Македонија. Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" е формиран во 1949 како прв Универзитет во земјата.
На 3 ноември 1951 год, Владата на Народна Република Македонија го основаше Правно-економскиот факултет како член на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како резултат на зголемениот интерес за студирање, Правно-економскиот факултет беше поделен на два одделни факултети на 1 јули 1956 год. Оттогаш, Правниот факултет постои како посебна високо-образовна институција во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Во последните 55 години со високо образование на Правниот факултет се стекнаа преку 13000 правници, преку 800 новинари и преку 300 политиколози.
Денес, Правниот факултет “Јустинијан Први“ ја претставува водечката академска институција во Македонија во областите на правото, политичката наука и новинарството. Академската заедница на факултетот опфаќа еминантни и почитувани професори и асистенти. Факултетот има воспоставено соработка со 70 факултети во светот, на факултетот се отворени неколку истражувачки центри, а образовниот процес се остварува со употреба на најсовремена технологија.
На Факултететот се организирани три вида студии (студиски програми):
- правни студии
- политички студии
- студии по новинарство
при што секоја студиска програма е поставена на три нивоа (циклуси):
- додипломски студии;
- последипломски студии, кои може да бидат специјалистички студии или магистерски студии од повеќе области; и
- докторски студии.
Дипломи
Следејќи ги трендовите во европското
високо образование и принципите на Болоњскиот процес кои ја негуваат
студентската мобилност и меѓу-универзитетската соработка, на Факултетот е
воведен повеќестепен модел на студирање.
Со завршување на студиите на Правниот факултет "Јустинијан Први# во Скопје се стекнуваат следниве дипломи:*
Правни студии | Дипломиран правник ** |
Политички студии | Дипломиран политолог |
Студии по новинарство | Дипломиран новинар |
Правни студии | Магистер по право |
Политички студии | Магистер по политологија |
Студии по новинарство | Магистер по новинарство |
"Мисија: Преку постојаното осовременување на студиите и создавањето вистинско знаење, Правниот факултет повеќе од половина век дефинира што факултетот треба да биде. Тука и сега. Секогаш први! ..."