ФБЕ ги подготвува студентите за квалитетно истражување за подобрување на економската состојба, но и да можат позитивно да влијаат во одговорна и предизвикувачка средина.
Во соработка со деловната заедница, факултетот обезбедува урамнотежена комбинација на основните теоретски знаења и специфичните професионални вештини. Студентите се подготвуваат за основање и управување со сопствени претпријатија и деловни активности, започнување и развој на иновативни производи и услуги и заземање лидерски позиции во профитни и непрофитни организации во земјава и во целиот свет.
Дипломираните од овој факултет се обучени да работат во приватниот, во јавниот сектор и во државни институции, како што се: централни банки, комерцијални банки, државни агенции, телекомуникации, медиуми, индустрија и др.
ПРВ ЦИКЛУС
(Тригодишни и четиригодишни програми)
- Бизнис и економија:
- Финансии, банкарство и сметководство
- Применет бизнис
- Бизнес аналитика
- Финансии и банкарство
- Претприемништво
- Енергија, економија и животна средина
ВТОР ЦИКЛУС (120 ЕКТС)
- Финансии и сметководство
- Менаџмент
- Маркетинг
- Бизнис администрација (MBA)
- Зелена економија и одржлив развој
ТРЕТ ЦИКЛУС
- Бизнис администрација *
- Економија *