Главната цел на студиските програми: Англиски јазик и Германски јазик и литература е да се подготват студентите за професијата наставник во основните и во средните училишта во Република Северна Македонија, во регионов и во земјите на ЕУ.
Дипломираните од овие студиски програми стекнуваат комуникациски вештини и се обучуваат за работа како лингвисти/професори за применета лингвистика во академската заедница, во владини и невладини организации, меѓународни организации и институции или во економски и трговски активности, превод, толкување, туризам, редакции и креативно пишување.
Дипломираните студенти од студиската програма Меѓународни комуникации стекнуваат професионални вештини за работа во средина каде што меѓународната комуникација е основа за ефикасна комуникација во современиот глобален свет.
ПРВ ЦИКЛУС (Тригодишни и четиригодишни програми)
- Англиски јазик и литература
- Германски јазик и литература
- Меѓународни комуникации
- Преведување и толкување од македонски на лабански јазик и обратно
ВТОР ЦИКЛУС (120 ЕКТС)
- Настава по англиски јазик
- Германски студии
- Албанолошки студии
- Водство и управување во образованието
- Меѓународни комуникации
ТРЕТ ЦИКЛУС
- Англиски јазик и литература
- Албански јазик и литература