Овој Факултет има за цел континуирано унапредување на правната професионална едукација во согласност со највисоките стандарди за квалитет, придонесувајќи за понатамошен развој на правниот систем, правната наука и криминалистиката, судската наука и примената на правната наука во информатичките технологии во земјава и пошироко.
Дипломираните од овој факултет можат да бидат вработени во органите на правосудниот систем, како што се: судовите, јавното обвинителство, адвокатурите, нотарите, извршителите, органите и институциите на јавната администрација на државно и на локално ниво, како и во државните, јавните и во приватните безбедносни органи и институции.
ПРВ ЦИКЛУС (Тригодишни и четиригодишни програми)
- Правни студии
- Криминалистика и безбедност
- Правна информатика
ВТОР ЦИКЛУС (120 ЕКТС)
- Кривично право
- Граѓанско право
- Студии за безбедност
- Уставно и управно право
- Меѓународно право
ТРЕТ ЦИКЛУС
- Уставно и управно право *