Фармацевтскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје е најстара високо-образовна институција од областа на фармацијата во земјата која врши едукација на фармацевтски кадри, за потребите на нашето опшество. Со современиот и европски препознатлив едукативен курикулум, факултетот овозможува стекнување на класични и современи знаења за вршење на фармацевтската професија.
Услови и начин на запишување на додипломски студии
На додипломски студии на Факултет може да се запише лице кое имазавршено четиригодишно средно образование и ако ги исполнува условите и критериумите утврдени со конкурсот за запишување.
• Запишување на додипломски студии се врши врз база на конкурс кој гообјавува ректорската управа на универзитетот. Конкурсот содржи: број настуденти, услови за запишување, услови и критериуми за избор накандидатите, постапка за спроведување на конкурсот, рокови запријавување, тестирање и запишување на кандидатите.
• Додипломските студии се организираат само како редовни студии.
Додипломските студии траат 10 семестри.
На Факултетот се организира и постдипломско усовршување кое овозможува создавање на магистри и доктори на фармацевтски науки, како и специјалистичка едукација и тренинг на здравствени работници специјализирани за работење во определени области на здравствениот систем. Освен наставно-образовна дејност, Факултетот се карактеризира со богата стручно-научна и апликативна дејност.