Правен факултет

Прaвниот фaкултет во Скопје е член нa Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"-Скопје, најголемиот и најстариот Универзитет во Република Македонија. Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" е формиран во 1949 како прв Универзитет во земјата.

На 3 ноември 1951 год, Владата на Народна Република Македонија го основаше Правно-економскиот факултет како член на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како резултат на зголемениот интерес за студирање, Правно-економскиот факултет беше поделен на два одделни факултети на 1 јули 1956 год. Оттогаш, Правниот факултет постои како посебна високо-образовна институција во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Во последните 55 години со високо образование на Правниот факултет се стекнаа преку 13000 правници, преку 800 новинари и преку 300 политиколози.

Денес, Правниот факултет “Јустинијан Први“ ја претставува водечката академска институција во Македонија во областите на правото, политичката наука и новинарството. Академската заедница на факултетот опфаќа еминантни и почитувани професори и асистенти. Факултетот има воспоставено соработка со 70 факултети во светот, на факултетот се отворени неколку истражувачки центри, а образовниот процес се остварува со употреба на најсовремена технологија.

 

На Факултететот се организирани три вида студии (студиски програми):

  • правни студии
  • политички студии
  • студии по новинарство
при што секоја студиска програма е поставена на три нивоа (циклуси):
  • додипломски студии;
  • последипломски студии, кои може да бидат специјалистички студии или магистерски студии од повеќе области; и
  • докторски студии.
Дипломи

Следејќи ги трендовите во европското високо образование и принципите на Болоњскиот процес кои ја негуваат студентската мобилност и меѓу-универзитетската соработка, на Факултетот е воведен повеќестепен модел на студирање.

Со завршување на студиите на Правниот факултет "Јустинијан Први# во Скопје се стекнуваат следниве дипломи:*


Правни студии Дипломиран правник **
Политички студии Дипломиран политолог
Студии по новинарство Дипломиран новинар
Правни студии Магистер по право
Политички студии Магистер по политологија
Студии по новинарство Магистер по новинарство

 

"Мисија: Преку постојаното осовременување на студиите и создавањето вистинско знаење, Правниот факултет повеќе од половина век дефинира што факултетот треба да биде. Тука и сега. Секогаш први! ..."