X
 09.12.2016 Живот

Црвената ѕвезда не може да се забрани!


Европскиот суд одлучи: ѕвездата не може да се гледа како симбол што исклучиво го претставува комунистичкото тоталитарно владеење, како што имплицира унгарската влада. Јасно е дека ѕвездата сè уште ги симболизира меѓународното работничко движење, борбата за поправедно општество, како и одредени законски политички партии што се активни во различни држави.

Сошиена црвена ѕвезда

Иницијативата за забрана на црвената ѕвезда не може да помине ни во Хрватска, без разлика на силната желба на законодавците. Имено, по пресудата на Европскиот суд за човекови права од 2008 година, црвената ѕвезда не може да се третира исклучиво како симбол на тоталитарен режим, а нејзиното истакнување е заштитено како слобода на изразување. Згора на тоа, во пресудата се вели дека дури ни пропагирањето комунистичка идеологија само посебе не е казниво.

Случајот од 2003 година

Случајот го покренал унгарскиот политичар, Attila Vajnai, кој во 2003 година се нашол пред судот, бидејќи на еден политички собир одржан во центарот на Будимпешта на местото каде што некогаш се наоѓал споменикот на Карл Маркс, носел црвена ѕвезда на својата јакна. Добил условна казна во траење од една година за сторено казнено дело „истакнување комунистички симбол во јавноста“. Откако Vajnai се пожалил кај Европскиот суд за човекови права, на процесот во Стразбур унгарската влада аргументирала дека носењето црвена ѕвезда во јавност е „непримерно во однос на жртвите на комунистичкиот режим“ и тоа дека сите идеологии од тоталитарна природа треба да имаат рамноправен третман.

Европскиот суд за човекови права заклучил дека носењето црвена ѕвезда во јавност не било наменето за пропагирање тоталитарна идеологија. „Тоа беше само симбол на законско левичарско движење“, пишува во пресудата.

„Симболот не може да се гледа како нешто што исклучиво го претставува комунистичкото тоталитарно владеење, како што имплицира унгарската влада“, било наведено во пресудата. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот