ХМД наскоро ќе го претстави „нокиа 800 Таф“, класичен мобилен телефон со копчиња, кој првпат беше претставен во 2019 година.
Според неофицијални информации од платформата „Х“, новата верзија на телефонот има неколку важни надградби, но ќе го задржи својот препознатлив дизајн.
Најголемата промена ќе биде замената на стариот УСБ приклучок со УСБ-Ц приклучок, додека оперативниот систем ќе биде надграден од „КаиОС 2..5.2“ на КаиОС 3.1. Ова треба да им даде подобра поддршка за апликациите на корисниците.
Дизајнот и димензиите на уредот ќе останат речиси непроменети, а клучните карактеристики што го направија популарен меѓу корисниците кои бараат издржливост се задржани. Со други зборови, ќе биде отпорен на вода и прашина, ќе има издржливост според воениот стандард „МИЛ-СТД-810“.
Моментално нема датум на издавање или цена. Првата генерација чинеше околу 100 евра на европскиот пазар.
Извор: bug.hr
Фото: HMD screenshot