Додека лидерите во Силициумската долина се жалат на таканаречената култура на будење - „воук“, групата наречена „Њу Фаундинг“, која вели дека е родена да ја води западната цивилизација, е меѓу компаниите што создаваат нови основи за вложување во ризичен капитал. Нив ги поддржува и милијардерот Марк Андреесен.
Годинава малку познатата компанија наречена „Њу Фаундинг“ крена голема прашина објавувајќи ги плановите за изградба на христијанска енклава во Кентаки - „кохерентна заедница“ каде што сопствениците би можеле да побегнат од културното лудило во остатокот од земјата. Но, изградбата на селото е само почеток.
Сега компанијата отвори фонд за ризичен капитал за да инвестира во она што го нарекува „усогласени компании“. Станува збор за стартапи кои се спротивставуваат на прогресивните идеологии. Тој е еден од ретките, но сè помногубројни фондови за ризичен капитал кои отворено ја отфрлаат „културата на будење - воук“ и ги градат своите инвестициски тези врз конзервативни вредности.
Инвестициите на компанијата се само еден столб на една поширока цел: да се преобликува општеството според визија која е силно проткаена со филозофијата на МАГА, технолошките иновации и христијанскиот светоглед. Компанијата ги опишува левичарите како „античовечки“, ја возвишува технологијата како клучна сила што ќе дефинира нова ера на просперитет, поддржува криптовалути и гледа на интернетот како на средство да ги постигне своите цели. „Нашиот проект нуди моќен пат“, се вели во манифестот објавен на нивната веб-страница во јули, „да се развие класа на луѓе кои ќе можат да го предизвикаат сегашниот режим, но и да се здобијат со ресурси, територија и институции кои ќе го направат ова можно.“
Досега собрале 3 милиони долари за нивниот фонд за ризичен капитал. Веќе имаат инвестирано во 10 компании од рана фаза и од серијата А, вклучително и образовен стартап кој им помага на наставниците да основаат свои „микроучилишта“ и рекламна компанија која им помага на производителите на оружје да таргетираат потрошувачи. Новиот основачки извршен директор Нејт Фишер изјавил дека овие инвестиции се почеток на создавањето „паралелна економија“ која нуди конзервативни верзии на мејнстрим-услуги, кои тој ги смета за премногу либерални, како што се рекламните технолошки производи на „Гугл“.
Марк Андреесен, коосновач на инвестицискиот гигант „Андреесен Хоровиц“, гласно ја критикува „воук“ културата и го поддржал фондот „Њу Фаундинг“.
- Премногу е рано да се каже како ќе се исплати тезата против „воук“ културата, а во споредба со Вол стрит и главните инвеститори од Силициумската долина, овие средства се „трошки“ - истакнал Нил Пател, кој ја води мрежата „Такер Карлсон“.
Зборувајќи за бројот на луѓе што гласале за Трамп, Пател додава дека нешто повеќе од половина на државата од нормалниот корпоративен свет не нуди ништо, а тука се крие одлична можност.
Инвестицијата на Андреесен во „Њу Фаундинг“ не е особено невообичаена: тој е плоден инвеститор и често поддржува нови фондови. Она што е впечатливо е како неговите идеи за американската технолошка надмоќ - вклучително и ослободување на иноваторите од регулативата и владината интервенција - се усогласуваат со мисијата на компанијата.
Иако е рано, групата зема замав. Мрежата за таленти на „Њу Фаундинг“, која ветува дека ќе ги усогласи кандидатите со компаниите кои ја поддржуваат мисијата на организацијата, има 3.000 члена и продолжува да расте. Организацијата номинира десетици луѓе за различни улоги во рамките на „Проектот 2025“, наводниот план на крајната десница за вториот мандат на Трамп (Трамп, сепак, се огради од своите поекстремни идеи).
Извор: forbes.n1info.hr
Фото: Freepik