Американскиот хеви-метал бенд „Металика“ му донира 250.000 евра на романското здружение кое ја гради првата детска онколошка болница во земјата.
Фондацијата „Дарујесте виата“ (Дарувај живот) е основана во 2012 година. Изградбата на болницата во Букурешт почна кон средината на 2018 година, а се очекува да заврши идната година.
Досега се собрани донации од 260.000 поединци и речиси 2.000 компании.
Планот опфаќа изградба на три нови регионални болници, за кои средства издвои и Европската Унија.
Извор: МИА