X
 17.10.2019 Здравје

За операција во Виена се чека и до 5,5 месеци

Чекањето операција во виенските болници во изминатиот период стана сè подолго, предупреди Ингрид Корошец од Народната партија (ОВП).

Кон крајот на септември на листа за чекање за некаква операција имало 3.681 лице.

Корошец ја критикуваше скандалозната состојба околу чекањето, особено зголемено по отворањето на Клиничкиот центар-север, кој требаше да го намали притисокот за добивање место во операционите сали.

Во 9 од 16 случаи пациентите за операција чекаат повеќе од 100 дена.

Рекордот во чекање го постигнала болницата „Рудолфштифтунг“, каде што се чека и до 166 дена за некаква ортопедска хируршка интервенција.

Најголем број пациенти што чекаат на операција е регистриран во Клиничкиот центар-Хицинг, каде што 1.077 лица чекаат за операција на очи.

Волфганг Вајсмилер од Лекарската комора изјавува дека за сè подолгото чекање на пациентите виновен е недостигот од персонал.

- Во новата болница Клинички центар-север операционите сали се затворени бидејќи нема персонал за операции. Оваа ситуација во следните години и натаму ќе се влошува - предупреди Вајсмилер.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје